Лазањи со зеленчук
22 април, 20120

Потребни состојки:
- 500гр тесто за лазањи
- 1кг – домати
- 250гр- кашкавал
- 250гр-брокули
- 500гр-рендано сирење
- 1-главица кромид
- 4-варени јајца
- 1-кришка леб
- 0,8дл.-маслинов зејтин
- Сол
- Бибер
Начин на подготовка:
Да се издинста кромидот, доматите и пиперката со малку масло. Кога ќе боде готов зеленчукот, да се додадат цветовите од брокули и внимателно да се промешаат. Да се посоли по вкус. Да се обари тестото за лазањите во солена вода, да се исцеди и се измијат во ладна вода. Во подмачкан плех со путер, да се стави сос од зеленчук, да се нареди на ред од тесто и да се прелие со уште малку сос, да се посипе со кашкавал и се така, цела смеса. На крајот, се да се посипе со изрендан кашкавал и да се исецка на коцки путерот преку сирењето. Да се запече во загреана рерна на умерена температура околу 20 мин.