Богат руски бизнисмен одлучил на сосема бизарен начин, пред да ја запроси, да провери колку неговата девојка навистина го сака.
30- годишниот Алексеј Буков дошол до идеја дека би било добро да ја одглуми својата смрт. Од таа причина го собрал целиот тим, меѓу останатото и шминкерка, сценарист и режисер, за да лажира сообраќајна несреќа, а на својата сакана Ирина Колков и кажал да го чека на одредено место во одредено време со цел да ја види несреќата.
“Кога стигнав на договореното место насекаде имаше уништени автомобили, амбилантни возила, и многу чад. Кога го видов Алексеј како лежи на улица прекриен со крв и кога ми кажаа дека е мртов, паднав и почнав да плачам”, изјавила Ирина.
Потоа Буков ‘станал од мртвите’ и ја запросил преплашената девојка. Таа му објаснила дека најпрво почувствувала нагон навистина да го убие, но сепак се предомислила и одлучила да се омажи за него.
“Сакав да сфати колку би бил празен и бесмислен нејзиниот живот без мене. Успеав во тоа, но морав да и ветам дека тоа ќе биде последен пат да и приредам несшто такво”, изјавил “имагинативниот” иден младоженец.