Сестрата на Војвотката од Кембриџ нема да се најде пред судот поради загрозување на јавната безбедност.
Сестрата на сопругата на принцот Вилијам е една од најпознатите британки на денешницата, Пипа Миделтон неодамна престојуваше во Париз и се возеше во автомобил со тројца пријатели кога еден од нив извади пиштол и почна да мавта без оглед на бројните минувачи.
На возачот и на сопатниците им се закануваше судење за загрозување на јавната безбедност, но се открило дека пиштолот е играчка, и дека Пипа и нејзините другарчиња само се шегувале со папараците.