Лејди Гага боса се вози на велосипед низ Копенхаген

popara6 септември, 20121min00
4

На повеќето славни личности велосипедот сигурно не им е главното превозно средство, но познатата музичарка Лејди Гага токму со него се повозила додека ги гледала знаменитостите на Копенхаген.

24-годишната пејачка престојува во главниот град на Данска и тоа во склоп на концертната турнеја “Born This Way”.

Гага уживала во знаменитостите на Копенхаген возејќи се на велосипед, но на свој својствен начин. Лејди Гага била облечена по вообичаениот рецепт – Колку повеќе необично и упадливо, толку подобро, а изгледа дека сепак не можела да вози велосипед со високи потпетици, па одлучила боса управува со велосипедот.

Веднаш по прошетката низ Копенхаген се вратила во хотелот, се пресоблекла, а потоа заминала во кафуле на пиво со фановите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma