Контроверзната Лједи Гага неодамна доби на подарок авион Боинг 757.
Всушност, Live Nation компанијата на која таа е ексклузивец, одлучила да и подари авион, бидејќи од актуелната турнеја на Гага досега оствариле заработка од 227,4 милиони долари. Гага воодушевено со фановите на Твитер ја споделила радоста на подарокот и напишала дека има проблем: авионот е премногу голем за да може да го фотографира”. Меѓутоа, фотографиите само по неколку часа се појавија на нејзината Фејзбук страна.
Овој авион е посебен по многу работи: во потполност е прилагоден на потребите на Лејди Гага, има интернет кој работи постојано, голема количина на италијански бутови и што е најважно брендиран е со нејзиното име.