Иако Лејди Гага е една од најгласните кога е во прашање борбата против угнетувањето и незаштитени правата на малцинствата, се чини дека овој пат, сепак направила грешка.
Пејачката по еден твит во четвртокот вечерта, е нападната од страна на своите следбеници. “Штотуку се вратив од часови по аеробик. Јадам салата, сонувам за чузбргер. Поп пејачките не јадат. Родена сум таква”, вака гласи сопрниот твит на 26-годишнта пејачка, по што следувале обвиненија кои велат дека го подржува нарушувањето на исхраната.
“Навистина Гага, велиш дека поп пејачките не јадат? Како пример си ти..”, гласи еден од коментарите упатени до пејачката, додека другиот вели “Јас сум вчудоневиден како промовираш таков нездрав став кон храната, а тврдиш дека си секогаш фер и коректна кон фановите”. По овој твит Лјди Гага занемела на Твитерот.
Што мислите вие, дали слабите познати фацки навистина промовираат нездрав однос кон храната?