Пејачката Лејди Гага на аукција во Лос Анџелес купила 55 костими кои ги носел покојниот крал на поп музиката Мајкл Џексон.
Костимите ќе бидат “складирани и стручно зачувани во духот на љубовта кон Мајкл Џексон, неговата храброст и неговите фанови низ целиот свет”, објавила Гага на социјалната мрежа Твитер.
Според зборовите на Дарен Џулиен од аукциската куќа Julien”s, јакната која Џексон ја носел за време на промотивната турнеја за албумот “Bad” продадена е за 240.000 долари, а ракавиците украсени со кристали за 100.000 по парче, како и останатите јакни и костими од настапот.
Костимите од збирките на долгогодинешните соработници на Џексон, дизајнерите Денис Томпкинс и Мајкл Буш на вчерашната аукција достигнале вкупна цена од преку пет милиони долари, од кои добар дел ќе бидат уплатени во добротворни цели.