Откако во јануари ги сруши сите светски рекорди забележувајќи 18 милиони следбеници на Твитер, американската пејачка Лејди Гага во последните два месеци собрала уште два милиони следбеници кои ја поставија како прва личност која на оваа друштвена мрежа ја следат дури 20 милиони луѓе.
Со ова Гага се пласирала на прво место пред канадската поп ѕвезда Џастин Бибер, кој на Твитер го пратат 18 милиони луѓе и пејачката Кети Пери со 15,7 милиони следбеници.
Шакира и Ријана исто така се доста високо со по 14 милиони следбеници.
Гага стана глобално најпратена личност на Твитер, кога во август 2010 година по бројот на следбеници ја надмина Бритни Спирс.