Проблемите на Лејди Гага на азискиот дел на турнејата The Born This Way Ball продолжува!После забранетиот концерт во Индонезија заради лошото влијание на моралот на младите, на контраверзната пејачка јасно и е ставено на знаење дека не е добродојдена и на Филипините.
Стотина млади христијани протестирале против скандалозната уметничка во главниот град Манила, и барале од организаторите и властите да го откажат концертот.Biblemode Youth, организација за млади смета дека прикажувањето на Христос и католички симболи на нејзините настапи,спотови,фотографии е навредливо.
Она има искривено гледање за Исус Христос, што за нас е навредливо.Нејзината музика и се кај неа се разликува од она во што ние веруваме- вели Рубен Абанте, водич на движењето и еден од организаторите на протестот.
Сепак концертот на пејачката во Манила е дозволен, со тоа што властите наредиле на бината да нема голтија или било што што може да влијае на моралот на жителите на Филипините и нивната култура и обичаи.
Лејди Гага во Манила ќе одржи два концерти, еден по друг ден, 21 и 22 мај, а после тоа патува во Тајланд, каде на 25 мај ќе одржи концерт во Бангкок.