Иако звучи како дел од сценарието за серијалот “Самрак”, пејачката Лејади Гага сепак станала вампир, иако само за една ноќ. Всушност, како што веќе открила, нејзиниот дечко Тејлор Кени обожава вампири и вампирски филмови, па таа, со цел да го задоволи за Денот на вљубените, ставила вештачки заби. Интересно е дека Тејлор во светот на актерството се прославил со улогата во “Вампирски дневници”.
Според тврдењето на нејзините пријатели, Денот на вљубените го поминале кој него во Пенсилванија со шпагети и црвено вино, а се шушка дека пејачката веќе некое време во неговото родно место бара куќа во која ќе се вселат заедно. Двојката се запознале за време на снимањето на спотот за песната “You and I”.