Лејди Гага објавила фотографија која ќе се користи во промотивната кампања за парфемот Fame!
“Фотографирал Стивен Клајн. Првиот Black Eau de Parfum. Model: Lady Gaga”, пишува под фотографијата.
“Изненадување во последен момент. Сега одиме да ги снимаме првите фотографии за парфемот Fame. Промотивната кампања ја снима Стивен Клајн. Да се разбереме, ова не е реклама, ова е само фотографија која ќе биде користена за кампања. Малку сум нервозна. Одамна ништо не сум споделила со вас”, напишала Гага на својот Твитер профил.
Како состојки на парфемот се наведени, беладона, тигар орхидеа, кајсија и комбинирана есенција шафран и мед.
“Ова е прв парфем од ваков вид. Тој претставува иновација во течност. Црн е како душата на славата”, стои на пакувањето на парфемот.