Лековитиот ефект на јаболкото е во лушпата!

popara12 февруари, 20121min00
1

За ползите од јаболкото е пишано многу пати до сега. Направени се и доста експерименти. Ете, еден оп последните покажа дека специално антираковите својства на јаболкото ги има токму во неговата лушпа. Најполезните супстанции се сконцентрирани во лушпата на јаболкото.

Експертите го анализирале хемискиот состав на лушпата од јаболко и идентификувале фитохемикалии кои се докажан агенс против најмалку 3 вида рак, среќаван кај луѓето – на белите дробови, на дебелото црево и на црниот дроб.

Безброј анализи посветени на дејството на јаболкото ја докажуваат фразата – Едно јаболко дневно и не ви треба доктор!, што уште еднаш сведочи за тоа дека храната богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот од рак, болести на срцето, диабет и уште многу други болести.

Последниот експеримент кој беше посветен на антираковите ефекти на јаболкото, а кои се должат на моќните феноли – фитохемикалии кои основно се наоѓаат во кората на јаболкото многу повеќе отколку во мекиот дел. Затоа лекарите ви препорачуваат јаболкото да го јадете со лушпа, да не го фрлате најважниот дел од јаболкото, само претходно добро да го измиете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma