Летечка чинија слета во индустриска зона

popara26 февруари, 20121min00
0083007.48

Снимката која на Youtube е објавена на 20-ти февруари 2012 година, дигна многу прашина и ги скара експертите за НЛО. Пубилката е поделена на „сериозни” и „несериозни”, а додека едните се колнат дека тоа е најголемиот доказ за вонземјанската технологија до ден денес, другите се сигурни дека станува збор местенка.

На снимката наводно се гледа летало кое слетало некаде во Ново Мексико, а според приказните кои кружат на интернет, станува збор за хибри на вонземјанска и човечка технологија кој се враќа во воената база.

За жал, квалитетот на снимките не е доволно добар да можеме да заклучиме за што точно се работи, а уште еден проблем е тоа што леталото изгледа некако пререално за да биде… вистинито.

Освен тој аргумент, скептиците истакнуваат и необично движење на летечки објект, а не се задоволни ни со должината на снимката. Не им е јасно зошто снимката одеднаш престанала, а ниту реакциите на снимателите не им делуваат автентично.

Се работи ли за реален и за сега неидентификуван објект или сето ова е една компјутерска манипулација, обидете се да дознаете од снимката:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag