Летово имате навистина огромен избор кога станува збор за маникир и педикир во однос на начинот на обликување, декорација и бојата што ќе ја изберете. Но наш совет е, особено кога станува збор за одмор е да си направите траен маникир и педикир со траен лак или гелови, за да нема потреба да се лакирате. И да изберете боја што ќе одговара на сите комбинации. Една таква универзална боја е сивата.