Средношколците во училиштето “Пиемонт” во Калифорнија основале еден вид на лига во сексот, што тие го нарекле “Лига на ороспиите”. Девојките во “лигата” биле регрутирани главно според нивните познавања од областа, додека момчињата собирале поени врз основа на нивните “документирани ангажмани во сексуалната активност” со нив.
Директорот на училиштето го открил постоењето на оваа лига дури по шест години, но се уште не знаат од кој е основана. Се шпекулира дека многу студенти од двата пола во активностите на “лигата” учествувале под притисок или пак подлегнувале на манипулации или со самата желба да се вклопат во групата, под дејство на алкохол или поради страв од лутите постарите средношколци.
Некои родители се задоволни од акцијата на училиштето, додека други тврдат дека треба да се спроведе реална истрага и одговорните да бидат казнети. Училиштето, сепак, нема точни информации за тоа кој учествувал во активностите на “Лигата”, како организатор или како жртва.