Потврда дека вонземјаните повторно оставиле трага на Земјата е приказната на Кен Добсон кој додека сечел дрва на еден трупец го забележал ликот на вонземјанинот.
Британецот Добсон се воодушевил кога го нашол дрвото, а според него и многумина други тоа дефинитивно личи на вонземјанин.
„Сечев дрва со моторнапила, наеднаш забележав дека на едната страна од еден трупец имаше нешто необично, се воодушевив кога го видов“, изјавил Добсон.
„Многу пати сме читале приказни како луѓето пронаоѓаат вонземјани, но не сме верувале дека тоа и на нас ќе ни се случи. сега ова дрво нема да го користиме за огрев, туку на делови ќе го поделиме на нашите синови“, изјавила сопругата на Добсон, Џенет.