Ликот на Ајнштaјн пронајден на Алпите

popara7 октомври, 20121min00
1

Површината на планинскиот врв на австриските Алпи во голема мера наликува на ликот на познатиот физичар Албер Ајнштајн.

Планинарите останале запрепастени со откритието дека површината на планинскиот врв Гриминг на австриските Алпи неодоливо потсетува на генијот Ајнштајн. Сличноста се гледа во мустаките, очите и прамените коса.

Добитникот на Нобелова награда Ајнштајн во една прилика рекол дека неговата научна работа наликувала на качување на планина, а оваа ситуација потсетува на неговата изјава.