Љубомората не е ништо друго освен страв со маска

popara1 март, 20121min00
Couple with Cellular Phones in Condominium

Сите овие емоции, љубомората, тагата и гневот, се само голем страв со маска. Стравот е егоистичен – тоа е само за мене. Егоизмот ги затвара сите врати.

Љубовта е безусловна. Стравот изобилува со услови. На патот на стравот, јас ќе те сакам, ако ми дозволиш да те контролирам, ако си добар кон мене, ако одговараш на мојата представа за вистинскиот. И бидејќи ти никогаш нема да го постигнеш ова, јас те осудувам за тоа и те прогласувам за виновен. Често дури и се срамам поради тебе, зошто не си тоа што го сакам.

А на патот на љубовта, нема ако, нема услови, те сакам без причина, без никакви оправдувања. Те сакам таков каков што си и ти давам слобода да бидеш таков. Ако не те сакам таков, тогаш подобро да бидам со некој друг, кој одговара на моите потреби. Немаме право да менуваме некого и никој нема право да не менува нас.

Повеќето луѓе го живеат својот живот одејќи по патот на стравот. Целата таа драма и болка постојат затоа што користиме канали за комуникација кои постоеле уште пред да се родиме. Луѓето страдаат и стануваат жртви, се озборуваат взаимно. Ги прават членовите на семејството да се мразат еден со друг. Види го татко ти – види што ми направи! Не биди како него! Сите мажи се такви, сите жени се такви! Ете што правиме со луѓето, кои ги сакаме толку многу – со сопствените деца, пријатели, партнери.

На патот на стравот имаме толку многу услови, очекувања и задачи, па создаваме безброј правила да се заштитиме од емоционалната мака. А вистината е дека не треба да има никакви правила. Тие правила делуваат на каналите на комуникација помеѓу нас, зошто кога се плашиме, ние лажеме. Ако ти имаш очекување за тоа каква треба да бидам јас, јас се чувствувам должна таква да бидам. А вистината е дека јас не сум она што ти го сакаш. Кога сум искрена и сум тоа што сум, ти не си задоволен. Тогаш јас те лажам, зошто се плашам од твојата осуда. Се плашам дека ќе ме обвиниш, ќе ме осудиш, ќе ме казнеш. И секогаш кога ќе помислиш на тоа, ти ме казнуваш повторно и повторно за истата грешка.

По патот на љубовта вие давате повеќе отколку што земате. И се разбира се сакате себе си доволно за да не дозволите егоистичните луѓе да ве искористуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag