Љубов која ќе трае вечно…

popara12 јули, 20121min00
ljubav1

Се облекла во свилена ноќница темно црвена боја, ставила вино во нејзината омилена чаша. Ретко пиела, навистина ретко и во многу мали количини. Вечерва едноставно морала да направи исклучок. Била тажна. Седнала на тераса, запалила цигара и длабоко вовлекла. Низ круговите кои ги правела замислено од димот ги набљудувала ѕвездите.

Била сама и колку ја убивала толку и одговарала таа самотија. Можела слободно да одлета во своите мисли и да се посвети на пишување. Љубомората ја грицкала од внатре. Да таа љубомора која до некогаш била толку непозната, сега и предизвикувала грчење во стомакот  и забрзана работа на срцето. А тој бил кој знае каде. Можеби некаде го гледал истото небо преполно со ѕвезди, а можеби во некои други очи барал нешто што некогаш нашол во нејзините. Таа се плашела…

Чувствувала грутка во срцето, како да го губи. Знаела дека би можела да го заведе некоја друга, некоја слободна девојка која ќе му овозможи се! Сето тоа што таа не можела. Единствено што можела да му понуди, биле искрени емоции, чиста и искрена љубов која не знае за граници. Љубов за која била сигурна дека ќе трае засекогаш. Тоа не било малку, напротив било нешто што денес ретко може да се најуде. Нешто што се чувствува само еднаш!

Но нешто што не можела да му го даде без страв. Била подготвена да му се предаде, да го помине животот со него, била поготвена на се, но сознанието дека нема да може да му го обезбеди она што е сон на секоја двојка, ја забило како нож во срце. Плачела со ноќи, молела, размислувала… не смеела да биде себична, морала да се помири со тоа дека не може да го направи среќен. А толку многу посакувала. Тој бил нејзината љубов, некој кој и влегол под кожа и покажал колку може жената да сака.

И една закана, дека на сите можни начини ќе се потруди да им ги уништи соништата, била доволна да ја исполни со страв. Нему ништо не смеело да му недостига. Морала да го заштити, морала да го направи неговиот пат безбеден. Таа чекорела по трње..

И болело, ужасно болело. Тело, душа, СЕ. Почувствувала дека станува резервиран. Затоа плачела и оваа ноќ. Чезнеела за него и сакала само едно НИКОГАШ ДА НЕ ГО ИЗГУБИ!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag