Љубовта доаѓа преку желудникот

popara13 август, 20121min00
tu6

Подобро се сложувате ако сакате иста музика, избирате слични филмови, сакате слична литература, имате исти погледи кон политиката, религијата, луѓето… меѓутоа едно ново истражување покажало дека доколку имате исти прехрамбени навики врската ќе ви биде поуспешна.

Едно ново истражување открило дека 30% од луѓето кои јадат месо не би биле во врска со вегетаријанци. Од друга страна, само 4% од вегетаријанцие изјавиле дека не би излегувале со луѓе кои јадат месо.

Експертите тврдат дека причината за ова може да лежи уште во нашите предците од пештерите кои доколку одбивале да јадат месо, партнерот се чувствувал повреден и одбиен. Значи, доколку некој одбие да јаде месо, одбива да ужива и со партнерот.

Истата анкета покажала дека 66% од луѓето сметаат пребирливоста за храната е многу непривлечна карактеристика. Очигледно дека изјавата љубовта доаѓа преку желудникот е оправдана.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag