Популарната туристичка дестинација Лорет де Мар, се наоѓа на медитеранскиот брег и од година во година привлекува сé повеќе туристи. Овој мал каталонски град, припаѓа на шпанската провинција Џирона и е оддалечен од Барселона само 70 километри. И поради неизмерната убавина и поради она што вистински го овозможува, Лорет де Мар е дестинација која туристите ја бираат за да се запознаат со културата, историјата и архитектурата на Барселона…
Се протега на површина од 48 километри квадратни, неговата историја се протега длабоко во минатото, а градот успеал да го сочува она по што е познат. Не само со плажи, ова место се одликува и со неверојатна архитектура и природи атракции. Исто така, важи за еден од подобрите спортски центри, бидејќи поседува атлетски терен, фудбалски стадион, павиљон за кошарка, ракомет, пинг понг, гимнастика, џудо…
Во Лорет де Мар, се наоѓа само една плажа, во центарот на градот. Покриена е со бела песок и е неверојатно опремена. Иако во околината има и други одлични плажи, оваа е најпосетувана. Ако сакате интимност, изолација, камена или песочна плажа или можеби трагате по нудистичка плажа…. Лорет де Мар ќе Ви го овозможи сето тоа…
Лорет де Мар е градот кој никогаш не спие… Многуте кафулиња, дискотеки, ноќни клубови, работат до рано наутро. Поради сето она што го овозможува, забавата овде не престанува. Она што е сигурно е дека освен што ќе си поминете убаво, ќе се вратите и со нови познанства, бидејќи доброто расположение овде не престанува, а насмевките од лицата, едноставно, не се симнуваат…
Доколку не сте биле во овој каталонски град, време е да го ставите на листата на места кои треба да ги посетите !!!