“Louis Vuitton” на суд!

popara21 март, 20121min00
1223-hangover-2-louis-bn-2

Познатата модна куќа “Louis Vuitton” го тужела студиото Warner Bross поради тоа што во продолжението на филмот “Hangover” прикажале лажна торба под наслов “Lewis Vuitton” и со тоа предизвикале конфузија кај клиентите.

Проблемите за Warner Bross, кога е во прашање “Hangover”, не престануваат. Откако постигнале договор со тату мајсторот, кој тврдел дека за филмот продуцентите ја украле неговата идеја и откако еден каскадер тврдел дека на снимањето претрпел потрес на мозок, сега на суд ќе мораат да се бранат дека не користеле лажна торба која ја направила кинеско-американска компанија.

“Проблемот е во слободата на авторот дека во филмот користи работи од реалниот живот, вклучувајќи ги и познатите брендови, па дури и лажни производи, а се со цел на создавање на уметничко делo”, навел правниот тим на Warner Bross кој ќе бара отфрлање на жалбата, бидејќи “сопственоста над некој бренд носи со себе многу можности, но не и правото на менување или забрана за креативно изразување”.

“Louis Vuitton” бара надомест поради употреба на лажна торба во филмот кој заработил 367 милиони фунти и се смета за една од најуспешните комедии на сите времиња.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag