Велат дека најдобри се оние мажи кои веќе имаат брачно искуство. Разведениот маж кој решил повторно да се жени е одличен избор за заеднички живот.
Слушајте што ви зборуваат мажите на почетокот на врската. Ако споменуваат дека не се приврзаници на брачната заедница, бидете сигурни дека тие нема да бидат добри мажи.
Во секоја врска постои некој кој сака повеќе, а некој помалку. Можеби разликата е во интензитетот на љубовта (незначителна), но ако сакате добар маж, обавезно морате да ја почувствувате, сепак, тој е оној кој мора да ве сака, барем малку повеќе.
Добриот маж најчесто се наоѓа преку пријатели кои очајнички се обидуваат да ве запознаат со некого. Прифатете понекогаш состанок “на слепо”.
Добриот маж се среќава во библиотека, супермаркет, на некоја научна трибина, додека го шетате кучето на кеј…кога најмалку очекувате.
Добриот маж не се запознава по два часот наутро, кога се стопира, летува, патува на кратко, ниту до него се доаѓа, со тоа што ќе се одземе од руга жена.
Добрите мажи се женат штом жената ќе им забремени, но овој факт подоцна може да ги претвори во многу лоши сопрузи. Затоа, бидете внимателни!
Добриот маже таква реткост што се исплати трпеливо да го чекате и во секој маж да го барате, додека не се појави.
Добрите мажи најчесто не се лепотани, ниту заводници. Престанете да ги замислувате на овој начин.