Лубрикантите создаваат средина совршено пријатна за сексуален однос, поради што стануваат се повеќе популарни. меѓутоа, лубрикантите можат да ја спречат или да ја отежнат задачата на сперматозоидите во оплодувањето на женските јајце клетки. Наместо да брзаат кон јајце клетките тие остануваат во неповолна околина за нив и постепено ослабнуваат.
Како да се фатите за работа околу зачеток ако не е влажна?
Повторно, како и до сега, мораме да заклучиме дека природата сама се погрижила за тоа дека мажот и жената, кога ќе се впуштат во сексуално уживање, ќе бидат максимално плодни и ништо нема да им застане на патот. Природниот лубрикант – природната влажност на вагината е она што ќе им помогне во зачетокот. На прашањето што да направат, одговорот е: Не брзајте и посветете се на сексуалниот однос. Природната влажност нека биде брз пат за сперматозоидите, но не и за вашата игра, советува Intimate Medicine.
А што со оние жени кои не можат да се навлажнат?
Знаеме дека поради болест некои жени не можат да се навлажнат. Значи ли тоа дека поради потребата да користат лубриканти, се осудени на тешкотии во зачнувањето? На жените, но и на сперматозоидите, работата можете да им ја олесните со топла вода, масло од репа или сирови белки. Веројатно постои уште некој, повеќе или помалку, употреблив начин. Но, сепак ви препорачуваме да се држите до она што, во тој поглед, го предвидела мајката природа. Не само поради тоа што е најавтентичен, туку е и најпријатен начин.