Луѓето секогаш прават само три работи…

popara20 март, 20121min00
22

Луѓето секогаш и основно прават само три работи:

Застануваат,

Започнуваат,

Или едноставно продолжуваат.

Со малку инспирација имаме сила и за трите. Во зимскиот сон ниту за едно.

Времето лета, дождовите се повторуваат, ѕвездите се менуваат, мислите не лажат…лажат дека ништо не е загубено.

Нема ништо поужасно од тоа наеднаш душата да се разбуди и да сожалуваш. За тоа дека не си престанал, не си започнал или не си продолжил.

Разбуден и исплашен си мислиш за сите оние работи кои си беше ветил да ги исполниш. Се сеќаваш каков си бил, од што беа изградени твоите мечти и до каде одеше твојата смелост и се чудиш што се случи со сето тоа. Зошто се задоволуваш со помалку…Или барем ти се чини дека е помалку.

Но всушност…

Малку е доволно, кога тоа е она што те тера да се смееш. Без разлика што другите мислат, зборуваат или те советуваат…Без разлика дали на нив им се допаѓа или не. Важно е само тебе да ти се допаѓа. За мислењето на другите најдобро е да сме слепи и глуви, зошто слушајќи ги можеме да го изгубиме вистинскиот пат, предназначен за нас. Никој не може да знае подобро за тебе од тебе самиот. Мечтите секогаш се менуваат, а најголемата смелост е кога си смел за себе, а не за некој друг.

Пролетта секогаш предстои и разбираш, дека и тогаш кога си застанал, продолжуваш, а продолжувајќи – секогаш започнуваш  нешто ново.

Едноставно нема време. И што и да се случува – биди буден.

Животот е неочекувано прекрасен, кога знаеш што сакаш, но незнаеш на што ќе налеташ.

Луѓето не учат да сме луѓе.

Не можеме да сме сами и да се менуваме.

Не можеме да растеме без да го споделиме тоа.

Не можеме да оцениме како е да имаш некого, без да знаеме како е без него.

Од трите работи, што можеш да избереш да ги правиш, ти што избра???

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma