Станот е поголем од 700 метри квадратни и официјално е најскапиот стан кој се продава во Њујорк.
Луксузнот стан го продава агентот за недвижнини Рафаел Де Ниро, син на познатиот актер Роберт Де Ниро. Станот има шест спални, девет бањи, со целиот стан се протега на три спрата во познатиот SkySpire облакодер во Њујорк во близина на Централ Парк и 5 Авенија.
Дизајнот на ентериерот го потпишува Juan Pablo Molyneaux, а целиот простор е уреден така што гледа на целиот град. Тркалезната купола на врвот на зградата влијаела на дизајнот, така што со две соби дизајнирана е и службена галерија за приеми, конференциска сала, соба за гости и приватен лифт за три спрата низ кои се протега станот.
Моменталната цена на пазарот е 90 милиони долари. Претходниот сопственик го купил станот во 1993 година за 4,5 милиони долари, и речиси истиот износ го вложил за реновирање на целиот простор.