Полската компанија ‘ZaNa Design’ дизајнирала “Apophis Flash Drive”, флеш диск кој ги исполнува желбите на најсложените клиенти …
Луксузниот материјал кој се користи за изработка на овој, глобално најупотреблив производ, му овозможува да се издвојува од групата досега произведени флеш дискови.
Името го добил по астероидот кој е забележан во 2004 година на растојание од 390 метри од Земјата и за кој се предвидува дека ќе падне на Земјата во 2036 година.
Изработен е од 200 години старо африканско црно дрво кое се вбројува во најпознатите луксузни дрва во светот. Украсен е со 925 сребро или 18 – каратно злато со дијаманти со висока чистота.
Елегантниот дизајн е во придружба на висока класа на електроника, USB 3.0 со капацитет од 64GB и брзина од 190 MB/s.
Гаранцијата е доживотна, а цената на сребрената верзија изнесува 1.130 американски долари, додека цената на златниот “Apophis Flash Drive” 1.990 американски долари.