Сораја Вучелиќ го прекинала снимањето на емисијата “Ред карпет” на сараевската телевизија OBN. Таа збеснала уште на почетокот на интервјуто, бидејќи и пречело што водителката ја најавила како старлета.
-Не можеш некого да најавиш како стралета. Јас не сум актерка. Старлетите се споредни улоги во филмовите, а јас никогаш не сум била во филм, избувнала Сораја и станала од столот.
Камерите цело време биле уклучени и го снимиле разговорот помеѓу Вучелиќ и водителката, што е и емитувано. На водителата и било чудно однесувањето на Сораја и ја прашала зошто така непријателски е настроена кон неа.
-Јас само ги слушам прашањата кои ми ги поставуваш. До сега не слушнав ниту едно нормално. Почитувањето се враќа со почитување, нервозно одговорила Сораја.
Водителката и објаснила дека нејзината работа е да поставува прашања и дека таа немора да ги одговори.
-Немој ти на мене такви фори. Можеме убаво да разговараме. Малку да се шегуваш, да не ми поставуваш вакви прашања. Мислиш дека тоа е убаво? – прашала Сораја.
Водителката и вратила велејќи дека само го чекала моментот кога ќе стане од столчето.
-Дали за тебе е добар ПР да напуштиш емисија? Заборави на прашањата нема да ти ги поставам, вели водителката, но стралетата и понатаму не била задоволна. Сакала сите останати провокативни прашања да се исфрлат.
-Најдобро е сега ти да ми кажуваш прашање по прашање кои можам да ти ги поставам, нервозно одговорила водителката.
Тогаш Сораја го тргнала микрофонот од себе и го напуштила студиото.
http://www.youtube.com/watch?v=pqhyT9uj6fY&feature=player_embedded#!