Франсин Лејс мислела дека го изгубила привезокот и ланецот. Но, подоцна и паднало на памет дека можеби мачката и ги изела. Се испоставило дека била во право. Рендгенот покажал парче накит во стомакот на животното.
Кога Франсин Лејс не можела да го пронајде накитот кој го оставила на масичката за кафе, почнала да ја пребарува целата куќа, но безуспешно.
Таа била жртва на крадец од посебен вид – мачка!
Најзиното милениче Оливер го грицкал дијамантскиот ѓердан кој се наоѓал веднаш до неговите омилени слатки.
Но, на крајот сомнежот паднал на пет-годишното милениче по што сопственичката го однела во болница и ги потврдила своите сомнежи. Снимката покажала парче накиот во неговиот стомак.
Ветеринарите чекале да видат дали ѓерданот ќе излезе по природен пат, но бидејќи се заглавил, морале со хируршки зафат да го извадат.