Гласачите во американската сојузна држава Вирџинија меѓу бројните кандидати ќе имаат шанса да гласаат и за мачката по името Хенк.
Хенк има многу приврзаници на социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер, како и сопствен сајт. На неговата официјална интернет страница Хенк се наведува дека доколку тој треба да ги сумира чувствата за иднината на Вирџинија, кратко би кажал само: „мјау“.
„Кога би бил избран за член во Сенатот, би работел напорно да има млеко во секој сад ширум оваа прекрасна земја“, навел Хенк, а пренесува американскиот весник Washington Post.
Негови противкандидати се двајца поранешни гувернери на Вирџинија, републиканецот Џорџ Ален и демократот Тим Кејн.