Претходно овој месец светските медиуми пишуваа за контроверзниот закон со кој во Русија е забранета “промоција на хомосексуалноста” што се однесува и на јавната дискусија на ЛГБТ правата.
Оваа неправда длабоко ја погоди Мадона, па одлучила за тоа да проговори и на својот Facebook профил.
Кралицата на поп музиката одлучила својата поддршка да ја искаже низ поезија, а тоа секако резултираше со поддршка на светските медии и лутина на еден дел од читателите на патетичните испади на поп ѕвездата.
Во нејзината изјава стоело:
“Јас сум борец за слобода,
Мојот настап,
Моите песни,
Мојата работа,
Мојата уметност,
Сето ова има цел на слободно изразување,
Слободата да изберете, да делувате,
Секогаш хумно и со сочувство,
Ќе дојде во Санкт Петербург и ќе го дигне гласот за геј
заедницата, ќе ја поддржи заедницата и ќе даде
сила и ќе ги инспирира оние кои
се чувствуваат угнетени.
Не бегам од проблемите
За време на настапот ќе зборувам за смешната неправда.”
Само неколку дена подоцна на нејзината борба реагирале многумина. Од истомисленици кои и сугерирале да го бојкотира концертот во Санкт Петербург и на тој начин да ги покаже своите несогласувања со овој закон, преку лидерот на градот Виталиа Милан, кој и се заканил на пејачката со нивиот закон и апсење, па се до лутите фанови кои на сето тоа реагирале со критика:
“Не те интересираат геј правата! Само сакаш да заработиш.”