Сигурно на повеќето од вас им се случило да допрат до некоја вистина или да стигнат до некоја гениална идеја, а некој пред 100 или 1000 години веќе го кажал истото.
Има ли нешто поубаво од тоа, да можеме да се поучиме од мудроста на големите умови и историјата. Не е ли тоа богатството на народите ? Денес сакам да споделам со вас една философија за животот, која сум ја среќавала објавена на различни места, а објавувајќи ја на нашиот портал, го изразувам нашиот восхит и почит пред Мајка Тереза и длабоката смисла на нејзините зборови.
Најубавиот ден – денешниот.
Најопасната замка – стравот.
Најлесното нешто – да се заблудиш.
Најголемата грешка – да паднеш духовно.
Корен на сето зло – егоизмот.
Најлошиот пораз – очајот.
Најдобрите учители – децата.
Најголемата среќа – да си полезен на другите.
Најнепријатниот недостаток – лошото расположение.
Најубавиот подарок – прошката.
Најдобрата заштита – насмевката.
Најдоброто лекарство – оптимизмот.
Најголемата сила на светот – верата.
Најголемата мотивација – надежта.
Единствената реалност – љубовта.
Маѓијата постои и тоа сме ние! Во прилог на ова погледнете го клипчево кое ќе ви покаже каква маѓија носиме сите ние во себе!