Мајка си ги убила двете деца, па побарала лекарска помош

popara18 октомври, 20121min00
majka
Мајка од Њу Орлеанс со огнено оружје го убила својот тригодишен син, една година постарата ќерка ја удавила во када, а потоа побарала лекарска помош.

“Телата на децата се пронајдени во када во нејзиниот дом во средата вечерта“, јавува “Си-Ен-Ен“.

Мајката, која била идентификувана како 23-годишната Челзи Тортон, пред полицијата признала дека ги убила своите деца.

По грозоморното убиство, мајката се качила на автобус и се упатила кон најблиската болница.

Тортон би можела да биде обвинета за убиство од прв степен.

“Не постои причина за ова. Жал ми е што не можев да направам повеќе за да им помогнам“, рекла соседката Никол Хамонс за “Си-Ен-Ен“.

Хамонс рекла дека Тортон постојано ја прекинувала врската и се смирувала со таткото на нејзините деца.

“Се обидуваше да и помогне и на нејзе и на нејзините деца. И други членови од семејството се обидуваа да и помогнат. Тоа е се што можеше да се направи“, рекла таа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag