Малите вистини и големите заблуди

popara21 март, 20121min00
aa

Се што ни се случува и се што никогаш нема да ни се случи зависи од изборите што ги правиме. Секој ден, секој час, секоја секунда…

Секогаш ми се допаѓала идејата дека секој наш избор се мултиплицира и се реализира во двете крајности. Дали ќе избереш правилно или ќе избереш погрешно.

Но кој по ѓаволите, одредува што е правилно, а што погрешно? Како лекција по англиски јазик во петто оделение:  True or False? Само кога ќе помислам да одам да си купам цигариако се запрашам дали навистина имам потреба од нив доаѓа False. Но и покрај тоа одам и си ги купувам…

Ние многу често знаеме дека она што го правиме можеби не е правилно, но пак имено тоа ни се допаѓа и го правиме. Ништо во животот не е чиста монета. Никој не е премногу лош, ниту премногу добар, како глупавата Снежана и затоа повеќе ги сакам џуџињата зошто тие барем имаат карактер…

Ги сакам луѓето што можат да ги извлечат од мене и најсветлите и најтемните мои страни.

Не е лесно човек да се заборави себе си, но понекогаш тоа се случува. И тоа е најлошото. Да заборавиме кои сме ние, зошто се подчинуваме на правилното и погрешното и на нечии представи за тоа, наместо да го слушаме своето глупаво срце. Тоа прави грешки. Но ако срцето не ни е глупаво, едноставно немаме срце.

Никогаш не ни е доволно тоа што го имаме – true

Понекогаш едноставно треба да преголтнеш и да продолжиш напред – False

Никогаш нема да си среќен, ако не си бил и несреќен – True

Ете зошто доаѓаат грешките. Од малите вистини и големите заблуди. Или обратно.

Животот не е True or False.

А само True and False.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag