За само осум месеци, малата Блу Ајви стана едно од најпопуларните бебиња во светот на шоубизнисот.
Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи сеуште не научила да оди, но веќе има посебни чевли во кои ќе ги направи првите чекори. Нејзините први дизајнерски чевли потпишани од страна на Рути Дејвис која уникатниот пар чевли ги дизајнирала специјално за Блу Ајви.
Специјалниот пар носи и специјално име, Baby Ruthie’s 1, и поради Swarovski кристалите, патичињата чинат околу 800 долари. Скапоцените патики се појавија во јавноста откако самата дизајнерка ги објавила на својaта Facebook страна. “Погледнете ги Baby Ruthie’s 1, изработени специјално за ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви. Преслатко, зарем не?”, стои под фотографијата.