Кралицата на поп музиката Мадона, наскоро ќе објави нов албум “MDNA”, на кој гостуваат Ники Минаж, МИА и други, а “специјален” гостин е Лурд Леон, нејзината најстара ќерка.
15-годишното девојче, кое со нејзината мајка веќе има модна линија “Material girl”, отпеала пратечки вокал во песната “Superstar”.
Лорд најавила и дека во мај прв пат официјално ќе се појави на бина со Мадона, на првата вечер од нејзината светска турнеја, која започнува во мај. Тинејџерката нема да се појави со микрофон, туку ќе настапи како танчерка.