Манекенка дала отказ од Victoria’s Secret поради нејзината вера!

popara8 февруари, 20121min00
Kylie-Bisutti_07

Модел на Victoria’s Secret, Кајли Бисути престанала да работи за познатиот бренд на долна облека, бидејќи сака да живее во согласност со христијанството.

Таа две години била ексклузивен модел на Victoria’s Secret, а сега веќе не сака да се појавува во секси долна облека, бидејќи смета дека само нејзиниот сопруг треба да го гледа нејзиното тело.

Victoria’s Secret апсолутно беше моето најголемо достигнување во животот и тоа е она што сакав да го постигнам во мојата кариера. Всушност, го сакав тоа додека бев таму, беше забавно. Сепак, колку повеќе носев долна облека, која всушност не е облека, почнував да се чувствувам се понепријатно поради мојата вера”, изјавила Кајли.

Таа има само 21 година, а во брак е од 2009 година.

“Моето тело треба да биде само за мојот маж и тоа е нешто свето. Јас несакам да бидам таков пример за младите девојки, бидејќи имаше многу хритијанки кои ми се восхитуваа и сметаат дека е во ред да шетаат наоколу и да ги покажуваат своите тела во долна облека”.

Таа нагласува дека од сега сака да биде добар пример за младите, а изразува и загриженост во врска со зголемување на бројот на разводите.

“Сакам мојот брак да остане нешто свето, бидејќи разводите во Америка се се почести, а јас сакам да дадам се од себе за мојот брак да остане посебен”, заклучи таа.

Таа сепак ќе продолжи да се занимава со манекенство, но ќе носи само облека.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma