Мега популарниот бренд Манго ја претстави својата колекција која е наменета за модерната жена која пред се ја почитува удобноста. Кејт Мос е заштитно лице за кампањата на Манго за оваа есен. Се чини дека оваа колекција е полежерна и поопуштена од било која друга колекција на Манго до сега.
Елегантни кратки палтенца искомбинирани со џинс и памучни маички, долги цветни фустани со кожени јакни, куси здолништа искомбинирани со широки блузи…