Мангото има повеќе каротин од морковите, тонизира и штити од предвремено стареење и појава на брчки. Што се однесува на полезните материи кои ги има во мангото, на прво место е овошниот шеќер кој е извор на енергија и делува позитивно на нервниот систем. Доволно е наутро да пиете по една чаша свежо исцеден сок од манго и ќе бидете преполни со енергија во текот на целиот ден. Ја подобрува концентрацијата и меморијата исто така.
Освен тоа во мангото има многу минерали кои го прочистуваат организмот и ја нормализираат работата на бубрезите. Мангото е богато и со антиоксиданти – за кои се повеќе се пишува и зборува во последно време поради нивната способност да се спротивстават на штетното влијание на слободните радикали.
Мангото содржи и големо количество каротин, односно провитамин А, кој влијае позитивно најмногу на видот. Интересен е и фактот дека во него има многу повеќе каротин отколку во морковите. освен тоа каротинот ја прави кожата еластична и отпорна на надворешните штетни влијанија.
Мангото учествува во производството на козметика – кремови, серуми, маски, препарати за коса и др.
Ако го вклучите мангото во своето секојдневно мени тогаш ќе имате и козметички ефект – ќе се заштитите од предвремено стареење, појава на брчки и ќе го активирате обновувањето на епидермисот.