Мажот кој е осуден дека ја прогонувал кралицата на поп музиката Мадона побегнал од психијатриската болница во Лос Анџелес.
Роберт Дуи Хоскинс во 1996 година е осуден на 10 години затвор. Откако е пуштен од затвор, сместен е во болница, а во јули минатата година повторно е уапсен и испратен во психијатриска институција од која тој денес избегал.
Полицијата го опишува како многу насилен и предупредува дека не треба никој да му се доближува.
“Хоскинс е многу психотичен кога не ги зема лековите”, соопштила полицијата од Лос Анџелес.
Мадона сведочела за време на судењето на Хоскинс велејќи дека имала ноќни мори откако во една прилика го видела во близина на нејзината куќа.
Наводно, Хоскинс верувал дека Мадона му е сопруга и поради тоа ја шпионирал, а нејзиниот телохранител му рекол дека, доколку не биде негова, ќе и го исече гркланот од уво до уво.
Пред да биде уапсен во 1996 година, Хоскинс провалил во домот на Мадона во Лос Анџелес пред еден од телохранителите да испука два куршума во него.