Mardan Palace, Турција – совршена комбинација на елитноста и природата

popara4 јуни, 20122min00
32r3

Вистинската дестинација за туристите кои сакаат луксузен одмор во мирна природа е хотелот Mardan Palace, најлуксузниот хотел во Турција, во кој има вложено дури 1,5 милиони долари. Се наоѓа во Анталија,  на 15 километри од аеродромот и на 25 километри од центарот на градот. Овој луксузен ресорт е отворен пред три години, а се простира на површина од 180 хектари…

Хотелот претставува прекрасна мешавина од отоманската архитектура, во која се обединети палатата Долмабахче, мостот Галата, а инспирација за овој извонреден објект е силуетата на познатата зграда „ Кулели “ во Истанбул.

Мардан, денес е најелитниот хотел на Медитеранот, наменет за луѓето кои го сакаат луксузот и умеат да уживаат во него. Хотелот е отворен во 2009 година, а на неговото отварање присуствувала познати холивудски ѕвезди: Шерон Стоун, Ричард Гир, Том Џонс, Мараја Кери, Моника Белучи и Парис Хилтон, кои повремено доаѓаат на одмор токму овде. Хотелот има своја песочна плажа од бела песок, која помалку се загрева од обичната. Базените се простираат на површина од пет хектари, а туристите имаат привилегија централниот комплекс во хотелот да го „ прошетаат “ со гондоли.

Возењето трае половина час. Гостите имаат прилика и да уживаат во турска бања, сауни, затворени базени со џет млазови, специјален педикир кој во аквариум го прават рибички. Тука е и амфитеатарот, шопинг аркадата… Ова несекојдневно одмаралиште го нуди и еден од најголемите отворени базени во Европа, кој се протега на површина од 16.000 метри квадратни. Хотелот има и подводен гребен, каде гостите можат да пливаат и нуркаат помеѓу рибите и опкружувањето…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma