Масажата ја подобрува циркулацијата, а механичкиот притисок на одредени делови од телото, како што се бедрата, задникот, стомакот и слично, помага да се разградат токсините и масните клетки наталожени под формата на целулит. После добра антицелулитна масажа ќе изгледате навистина многу подобро, кожата и телото ќе бидат многу постегнати и збогатени со кислород. Затоа наместо да одите на скапи третмани, следете ги следниве упатства и направете си сама антицелулитна масажа во домашни услови.
Нанесете антицелулитен крем или гел на критичните места од телото, масирајте со кружни движења, а потоа притиснете со прстите и без да ги поместувате влечете ја кожата нагоре и надолу на сите страни.
Нежно штипкајте ја кожата на тие места со цел да допрете подлабоко во нејзините слоеви. Кога ќе почувствувате задебелување, односно наталожен целулит, обидете се да го разбиете со посилен притисок во вид на гмечење, кружни движења, штипкање. Правете го ова секоја вечер. Наскоро ќе ги забележите добрите резултати.