Компанијата Масерати ги покажа првите фотографии од новиот модел GranCabrio MC Stradale. Овој автомобил ќе ја има светската премиера на саемот на автомобили во Париз.
Новиот модел е базиран на стандардниот модел GranCabrio, со конфигурација 2+2 седишта.
Италијанскиот произведувач покрај фотографиите за сега нема објавено други информации во врска со новиот модел, но се претпоставува дека кабриолетото дели погонски агрегат со купе верзијата GranTurismo MC Stradale.