Воз на релација Карловац – Загреб, доцнел повеќе од 90 минути, бидејќи на машиновозачот му завршила смената, па го напуштил возот.
“Се случи грешка и за тој пропуст ќе одговара некој од луѓето што го организираат сообраќајот, а не е виновен машиновозачот, бидејќи неговата смена завршила“, изјавила директорката на коорпоративните комуникации на Хрватски железници, Михаела Томурад Сушач, за локалните медиуми.
Според тамошните медиум, возот што во четвртокот во 11,39 часот, тргнал од Карловац за Загреб, стоел на станицата во хрватски Лесковац повеќе од 90 минути, бидејќи на машиновозачот му завршило работното време, па чекале да дојде друг.
Од Хрватска железници дека возот за Загреб доцнел два часа, бидејќи од Карловец тргнал 20 минути подоцна.