Имаме различни видови на љубов. Не е добро да сакате некој, бидејќи ви е потребен, но да ви треба некој, бидејќи го сакате е во ред, изјавил Масимо Савиќ (49) во интервју по повод Денот на Вљубените и двата концерти во Загреб.
Масимо зборува за емоции, љубов и разликите во неверствата на мажот и на жената. Додава дека темите на неговите песни секогаш сентиментални ситуации, опишани на оригинален начин. Смета дека е добро тоа што постои еден ден кој е посветен само на љубовта.
Пејачот вели дека за Денот на вљубените секогаш подарува практични подароци. На својата сопруга еднаш, додека биле на патување и купил вечерен фустан и тоа го смета за најиновативен подарок.
-Ја замолив девојката која е градена како мојата сопруга да го проба фустанот и совршено и одговарање на мојата сопруга кога и ја донесов, вели Масимо и смета дека љубовта се распаѓа, бидејчи луѓето се претставуваат во пограшно светло со цел да ја освојат личноста која им се допаѓа.
– Оние кои се претставуваат совршени, на крајот изпаѓаат дека тоа воопшто не се, тоа се луѓе за кои љубовта има рок на траење, вели пејачот. Масимо додава дека измамата е нешто што може да се прости доколку постои желба да се одржи врската со личноста со која долго време сте заедно.
-Кога мажот ќе изневери, тоа нема тежина како кога тоа ќе го направи жената. Жените се поквалитетни суштества од мажите и затоа нивната измама е посериозна, вели Масимо.