Маските обезбедуваат специјална и интензивна грижа за кожата. Тие даваат живот на истоштената кожа, ја смируваат осетливата кожа или ја чистат мрсната и комбинирана кожа од излишниот себум. Маските за лице треба да бидат дел од вашиот начин на живот, ако сакате кожата да биде убава и млада подолго време.
Еве како се приготвува маската за освежување:
2 чаени лажички пире од авокадо,
¼ крастивица
3 свежи листови од нане
Една лажичка сок од лимон
Една белка од јајце
Сите компоненти се обработуваат во блендер.
Маската се нанесува на чисто лице и на вратот и се остава да делува 30 минути после што се измива со млака вода.