Експертите советуваат да користиме природни продукти од органско потекло при грижата за косата и кожата, наместо употребата на разни хемикалии и вештачки производи.
Направете сами една супер хранлива маска за коса, за што ќе ви бидат потребни 3-4 лажици кокосово масло и 10 ситно смелени бадеми. Загрејте ја смесата околу 5 минути и оставете да се олади. Кога ќе биде приближно на телесна температура нанесете ја на скалпот и по должината на косата. Покријте ја главата со најлонска шапка и оставете да делува најмалку еден час. Ефектот ќе го забележите веднаш после првото нанесување. Се препорачува да се користи еднаш седмично.