Маски за многу сува коса

popara12 март, 20121min00
kosa

Оштетената и безживотна коса има потреба од брза и ефикасна маска, што ќе ја врати нејзината еластичност и здравје. Еве неколку супер ефикасни маски за многу сува коса со чија помош вашата коса ќе изгледа многу подобро.

Маска од млеко од соја – сојата е најхранливата компонента која можеме да ја употребиме во грижата за својата коса. Нанесете чаша млеко од соја на влажна коса и масирајте го скалпот 5 минути. После тоа само исплакнете ја косата со млака вода. Правете го ова 3 пати неделно за да ги видите позитивните резултати.

Маска со масло од чаено дрво – 20 капки од ова масло во добро испасирано авокадо и маската е готова, а треба да оставите да делува 20 минути, резултатот е неверојатен.

Маска од лаванда и кокосово масло – во зависност од должината на вашата коса измешајте определено количество подеднакво од двете масла, загрејте го на телесна температура и оставете да делува 30 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag