Старите маслинови дрва се нарекуваат живи скулптури од Римската империја. На аукцијата во Тулуз понуден е дел од колекцијата на еден шпанец.
Стеблото од маслинка старо 2.000 години продадено е во неделата на аукција на маслинки од времето на Римската империја организирана во југозападна Франција за 65.000 евра, стои во официјалниот извештај.
Дванаесет од 26 понудени маслинови дрвја биле продадени за меѓу 1.000 и 65.000 евра на француски или странски клиенти.
Маслиновото дево продадено за 65.000 евра е подвид на Cordobil, тешко е 16,5 тони, а обемот на 9,30 метри.
Ѕвезди на продажбата биле две Фарго, многу ретки примероци, но само еден добил нов сопственик за 35.000 евра, што е половина од проценетата вредност.
Овие маслинови стебла, понудени со корени, биле тешки близу 10 тони, високи 3 метри и 7 метри опсег, со само неколку зелени гранки, па затоа ги нарекуваат живи скулптури од Римската Империја, а не дрвја, објаснува извршителот.
Минатата година една старо стебло од маслинка било продадено на аукција за 64.000 евра.
Овие дрвја се дел од колекцијата на еден шпанец кој ги купил пред Шпанија да ја забрани нивната продажба, бидејќи сега се сметаат за наследство.