Маслото од кокос ги обновува врвовите, а бананта го враќа сјајот на косата!

popara18 јули, 20121min00
vt8o

Медот и кокосовото масло се природни состојки кои помагаат за сите типови на коса, ја враќаат еластичноста и сјајот, додека јојобата ги обновува врвовите, а бананата е наменета за сувата коса.

За да ја заштитите косата мора да носите шешири, а по пливањето во море и базен, обавезно исплакнете ја со иста вода, а шампонот употребувајте го на секој два дена.

Хранлив регенератор од банана – за да го подготвите ова потребни ви се три зрели бананани. Добро испасирајте ги, смесата добро втријте ја во косата, оставете да стои 15 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.

Кокос за нега, јогурт за сјај – на влажна коса ставете малку јогурт и оставете да делува 20 минути. Исперете ја косата со млаз топла, па со млаз ладна вода. Неколку капки од кокосово масло нанесете на врвовите и оставете да делува 10 до 15 минути. Потоа косата нежно исчешлајте ја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag